Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната исплатена нето-плата во јануари годинава била 46.617 денари и истата била повисока за 8,3% на годишно ниво.
Просечната бруто-плата пак изнесувала 70.066 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нето-платата во јануари 46.617 денари
Податоците на ДЗС покажуваат дека највисоката просечна нето-плата и понатаму ја земаат вработените во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 107.016 денари.
Овој тренд трае со години.
Следуваат вработените во секторот Научно истражување и развој – 79.530 денари, Воздухопловен транспорт – 78.905 денари, Складирањето и помошните дејности во превозот – 72.311 денари и Стручни, научни и технички дејности – 70.677 денари.
Фото: Унсплеш














