Од ОКТА АД Скопје денеска информираа дека компанијата го зголемува попустот од 2 на 3 денари за литар гориво кое им го нуди на големопродажните и малопродажните трговци, што ќе им овозможи на фирмите од овој сектор бенефитот да го пренесат на крајните купувачи во земјава.
Според одредени проценки придонесот кон општеството со продолжувањето и зголемувањето на попустот даден од страна на ОКТА од првичните 2 милиони евра ќе се зголеми на околу 3 милиони евра.
Овој попуст што го обезбедува ОКТА е практично директна заштеда на граѓаните и домашната економија и на тој начин компанијата апсорбира дел од ценовниот шок кој произлегува од случувањата на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6. април
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија
Фото: ОКТА














