Смени во Надзорниот одбор на Халк осигурување

Од Халк осигурување АД Скопје преку Македонската берза информираа за смени во Надзорниот одбор (НО).

Со одлука на Собранието на акционери на Друштвото, е отповикан членот на НО, Џунејт Ејин и за нов член е именуван Фатих Каракоч.

За нов претседател на НО е избран Ибрахим Окан Чаглар.

НО на Друштвото сега го сочинуваат Ибрахим Окан Чаглар, во својство на член и претседател, Фатих Каракоч, во својство на член, Дерја Хамза – Сефери, во својство на член, Садеттин Јилмаз, во својство на член, Халил Ибрахим Јилдиз, во својство на независен член и Мехмет Танриверди, во својство на независен член.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести