Во Лос Анџелес, САД, е испишана историја, која ќе има ефект врз целиот свет.
Млада Американка го доби судскиот спор против „Мета“, која е сопственик на Инстаграм, Фејсбук и Вотсап, и „Гугл“, сопственикот на Јутјуб, поради нејзината зависност од социјалните медиуми кога била тинејџерка.
Поротата пресуди дека тие намерно изградиле платформи кои предизвикуваат зависност и му наштетиле на менталното здравје на жената која има 20 години.
Таа ќе добие оштета од 3 милиони долари, а како што пренесуваат американските медиуми, оваа пресуда ќе се одрази на епилогот на стотици случни тужби во САД, но и на потенцијално нови низ целиот свет.
Снеп и ТикТок, исто така, првично беа обвинети, но двете компании постигнаа спогодби со жената позната како Кејли, пред судењето.
Фото: Унсплеш













