Македонија нема да учествува на Светското првенство во фудбал, кое во јуни ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Нашата репрезентација синоќа во полуфиналето на плеј-офот изгуби од Данска (0:4).
Во првото полувреме резултатот на мечот кој се играше во Копенхаген беше 0:0, а во второто полувреме нашата репрезентација загуби за околу десетина минути.
Македонија ќе има уште еден натпревар во баражот. Во вторник ќе игра пријателски натпревар против Ирска, во Даблин.
Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија/Фејсбук














