Маж на возраст од 53 години од тетовското село Брвеница е осомничен за убиство на 76-годишен маж од Охрид.
Станува збор за Ж.Г., а убиството како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид се случило во домот на убиениот К.М. на улицата „Нада Филева“ во Охрид.
Осомничениот е уапсен вчера во Брвеница, откако за него претходно била распишана централна потерница од СВР Охрид.
Тој се сомничи за кривичното дело „убиство“.
Телото на убиениот е предадено на обдукција.
По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Користољубие е мотивот за убиството во Охрид, истото е снимено со камерa: Детали од Обвинителството
По расправија го задушил со раце: Детали од МВР за убиството во Охрид
Фото: Унсплеш













