(Видео) Работи на КАРИЛ, му се заканувал на Заев: Познат идентитетот на осомничениот за убиството во Охрид

Познат е идентитетот на осомничениот за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

53-годишен маж осомничен во убиство на маж во Охрид

Повеќе медиуми објавија дека станува збор за 53-годишниот Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница.

Како што објави Фокус тој работел како анестезиолошки техничар на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје. 

Порано работел и во тетовската Клиничка болница.

Тој се води и како лидер на организацијата „Христијанско братство“.

Пред околу седум години Грозданов му упатувал смртни закани на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за што заработил кривична пријава, а бил учесник и во протестите што кулминираа со упад во македонското Собрание на 27. април 2017 година и во собирите против уставните измени во текот на 2018 година, објави 360 степени.

Медиумите неофицијално објавија и дека тој имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство, а убиениот бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Користољубие е мотивот за убиството во Охрид, истото е снимено со камерa: Детали од Обвинителството

По расправија го задушил со раце: Детали од МВР за убиството во Охрид

Фото/видео: Фејсбук/Грозданов/ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести