Сиљановска Давкова-Миљатовиќ: Aко се има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, треба многу бргу да станеме членка на ЕУ

Ако се споредуваме технички, ние по Црна Гора длабоко сме навлезени во евроатлантскиот процес низ реформска призма, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на заедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Јаков Миљатовиќ.

„Јас не би можела да зборувам за кластери и за поглавја како мојот колега, бидејќи за првпат во историјата на ЕУ и во историјата на европската заедница се поставуваат вакви услови, за да почнете преговори.

Ако гледаме низ техничка призма, низ призма на скрининг на реформските капацитети, би можеле и би требало, ако има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, многу бргу да станеме членка на ЕУ,“ рече претседателката одговорајќи на новинарско прашање за евроинтегративниот процес, а во врска со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека ако треба ќе се чека со децении.

Таа смета дека безбедносното прашање бара поодлучен однос кон Западен Балкан, а за внатрешни реформи на ЕУ, смета дека не е време во вакви светски околности.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести