Обвинителството ќе испитува како постапувале 39 полицајци во случаите со Стојанче Јовановски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе испитува како постапувале 39 полицајци во врска со случаите на насилство од страна на обвинетиот Стојанче Јовановски, кој меѓу друго е обвинет и за наведување и потикнување на самоубство на неговата сопруга Ивана Јовановска, која на 2. март скокна од балкон на зграда со нивната ќерка во Скопје, по што починаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана, објави „Слободен печат“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе утврди дека овие полицајци постапувале погрешно во овие случаеви.

Од Обвинителството информираа дека од МВР предметот е доставен до нив и дека истиот ќе биде даден на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Освен од сопругата и жители на зградата, Јовановски во полицијата го пријавувала и неговата мајка. Сопругата често ја тепал и пред нивната ќерка и на различни јавни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Јовановски призна вина за две дела, па рече дека бил натеран на тоа, сведочеше и мајката на Ивана

Покренато обвинение за сопругот насилник од Карпош: Со физички и психички малтретирања издејствувал и да му го препише нејзиниот дел од станот

(Видео) Сопругот насилник од Карпош со гримаси возврати на новинарски прашања пред Судот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести