Сите знаеле за насилството врз Ивана и Катја, никој не ги спасил

Судењето на Стојанче Јовановски, кој меѓу друго е обвинет и за наведување и помагање во самоубиство на неговата сопруга Ивана, која се самоуби со нивната ќерка Катја, е во фокусот на јавноста и медиумите.

Истото досега покажа дека многу луѓе знаеле за долгогодишниот кошмар во кој живелее Ивана и Катја: поширокото семејство на Ивана, поширокото семејство на Јовановски, нивните пријатели, вработените и учениците во училиштето каде учела Катја, вработените каде работеле Ивана и Јовановски, нивните комшии и нивните роднини и пријатели, еден куп полицајци, вработени во социјално, случајни минувачи…

И никој не ги спасил!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана, објави „Слободен печат“

Секако најголемата жртва во оваа трагична приказна, која најверојатно ќе ја заборавиме до следната слична, е малата Катја, која не ја заштитиле возрасните, и која немала никаков избор, за разлика од нив.

Тоа што сите овие луѓе не се обиделе да го спасат девојчето ја прави приказната уште потрагична.

Дополнително згрозува фактот што и дел од медиумите и граѓаните по социјалните мрежи не ги оставаат да почиваат во мир и не покажуваат никаква емпатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што кажа братот на Ивана на судењето за Стојанче Јовановски

Стојанче Јовановски призна вина за две дела, па рече дека бил натеран на тоа, сведочеше и мајката на Ивана

И во училиштето на Катја и соседите знаеле за насилството врз Ивана

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести