Родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“, Кочани, на денешниот 40. „Марш за ангелите“, повторно побараа одговори од институциите за точната причина за смртта на нивните деца.
Таткото на загинатата Надица, Александар Наунов истакна дека и покрај бројните барања и официјални дописи, институциите не даваат одговор повеќе од една година.
Основното јавно обвинителство и Судска медицина си ја префрлале топката едни на други.
„Побаравме јасен и недвосмислен одговор, дали биле извршени токсиколошки анализи, дали било испитувано присуство на цијанид и што точно покажуваат анализите.
Поминаа два месеци од барањето, одговор нема“, рече Наунов, потсетувајќи дека телата на загинатите биле дадени на обдукција, но одговорите и после толку време, не стигнале.
Тој најави и протести пред Судска медицина, доколку во догледно време, не добијат одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали и присуството на цијанид било причина за смрт, прашуваат родителите на загинатите во Кочани
Фото: Игор Бансколиев













