Пошта од Владата и Министерството за транспорт доби 100 нови возила.
Станува збор за 90 автомобили пикап и 10 комбиња.
Малите возила се со носивост од 750 килограми, а големите од 1.800 килограми.
Истите чинат 104 милиони денари, а од Министерството за транспорт на јавната аукција, успеале да ја намалат цената за 400.000 евра.
Моменталната просечна старост на возилата во Пошта е 15 години.
Со новите возила се очекува подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за најмалку 15%.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на возилата објаснија дека станува збор за проект за подигнување на конкуретноста и модернизација на државното претпријатие и најавија и дигитализација на Пошта и набавка на нов софтвер и сортирка (машина за сортирање).
Фото: Влада













