Поранешниот градоначалник на Општина Делчево, Горан Трајковски (54), заработи нова кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
-Пријавениот, како градоначалник на Општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи.
Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево.
На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Делчево кој заработи кривична вели дека работел по закон
Кривична за градоначалникот на Делчево













