На 10 се зголеми бројот на загинати во масакарот во училиштето во Турција, уапсени над 160 лица

На 10 се зголеми бројот на загинати во масакарот во училиштето во градот Кахраманмараш, во истоимената покраина во Турција.

Тоа починало во болница, јавуваат турските медиуми.

Уште неколку лица по пукањето во училиштето се во критична состојба.

Убиствата ги изврши Иса Арас Мерсини (14), осмоодделенец, со пет оружја и седум шаржери, кои биле на татко му, кој е поранешен полицаец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Осмоодделенец во Турција уби деветмина со оружје на татко му

Од убиените еден е наставник, а другите се деца. Убиецот пукаше во две училници со петоодделенци.

Последните информации велат дека тој не се самоубил, туку искрварил до смрт од повреда што си ја нанел додека се обидувал да се одвои од тројца мажи кои се обидувале да го совладат.

Неговиот татко Угур Мерсини е уапсен, а турската полиција по убиствата уапси и над 160 лица осомничени дека објавувале контроверзни содржини на интернет во врска со оваа пукање и пукањето што се случи претходниот ден во друго училиште, во кое беа повредни најмалку 16 лица.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести