Фустеларко Борец од Битола ги објави платите на членовите на Одборот на директори

Фустеларко Борец АД Битола во годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен преку Македонската берза, меѓу друго ги објави и платите на членовите на Одборот на директори (ОД).

Треба да се каже дека друштвата кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија кои објавуваат ваков податок се многу ретки, што укажува дека македонските фирми се уште треба да учат многу што е транспаретност.

Љубе Петковски, кој е генерален извршен директор, на име плата и други надоместоци како вработен во Друштвото лани примил бруто износ од 1.557 илјадиди денари (годишно). Како член на Заедницата за заштитни друштва на Македонија лани примил бруто износ од 165 илјади денари.

Сашо Чатлески, кој е извршен член на ОД на Фустеларко Борец, како управител на друштвото за производство и трговија „6 мај“ на име плата и други надоместоци лани примил бруто износ од 1.221 илјади денари (годишно).

Од неизвршните членови на ОД, еден е вработен во Друштвото, а двајца се надворешни членови.

-Членувањето во ОД на ниеден од нив не им обезбедува никакви бенифиции и надоместоци, велат од Друштвото во извештајот.

Јане Петковски, кој е претседател на ОД на Фустеларко Борец, како управител на друштвото за производство, услуги и трговија “Јан Комерц“ ДООЕЛ Битола, лани на име плата и други надоместоци примил бруто износ од 752 илјади денари (годишно). Нема надоместоци во други друштва.

Сашо Горевски, кој е неизвршен член на ОД на Фустеларко Борец, како вработен таму на име плата и други надоместоци примил бруто износ од 1.312 илјади денари (годишно). Нема надоместоци во други друштва.

Томе Трајкоски, кој е независен неизвршен член на ОД на Фустеларко Борец, во 2025 година има примања по основ на пензија во нето износ од околу 550 илјади денари. Нема надоместоци во други друштва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фустеларко Борец од Битола ќе дели дивиденда од 200 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести