Тетекс ќе дели дивиденда од 55,56 денари

Собранието на акционери на Тетекс АД Тетово донесе одлука за исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза.

Вкупната сума за таа намена е 21.600.672 денари, а е обезбедена од добивката на Друштвото од минатата година.

Висината на дивидендата по акција бруто изнесува 1,795% од номиналната вредност, односно 55,56 денари бруто.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 08.05 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел Тетекс лани

Тетекс влегува во градежен бизнис

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести