Техничката влада нема да се укине за следните избори

Измените на Законот за Влада, кои ги предложи Владата, не предвидуваат укинување на техничката влада за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат вонредни или редовни.

Предлогот предвидува нивно укинување по тие избори.

Техничката влада почна да се практикува по Пржинскиот договор постигнат помеѓу најголемите партии во 2015 година, а во македонското Собрание моментално е во тек процедурата за нејзино укинување.

Против укинувањето се опозициските СДСМ и коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

Првата фаза за усвојување на предлогот помина, а предлогот финално треба да биде изгласан од пратениците на пленарна седница, за што е потребно просто мнозинство, или најмалку 61 глас.

Техничката влада се формира на 100 дена пред парламентарните избори.

Истата има технички премиер кој го предлага актуелната власт, а во истата министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика ги предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во македонското Собрание.

Опозицијата, исто така, предлага и дополнителни заменици-министри во уште три министерства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заминува ли техничката влада во историјата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести