Маж на возраст од 68 години од Скопје, со години силувал дете.
Станува збор за С.Ш., кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е уапсен завчера.
Тој е осомничен за кривичното дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”, заработи кривична пријава по итна постапка од полицијата, а од страна на судија на претходна постапка, доби притвор во траење од 30 дена.
Основното јавно обвинителство Скопје за него отвори истрага, а како што информираа од таму, тој во временскиот период од 2023 година до 27.04.2026 година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во 2012 година и го злоупотребувал за да сними фотографии и видеа со порнографска содржина.
На детето му се заканувал дека доколку каже некому, снимените материјали ќе ги покаже на други лица.
Фото: Унсплеш














