За три месеци Алкалоид има 7,9 милиони евра инвестиции и 28 нови вработувања

Во првите три месеци од годинава Алкалоид АД Скопје има вкупни инвестиции во основни средства од 486.313 илјади денари, што претставува раст од 89% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од таму.

-Речиси половина од вкупните инвестиции се однесуваат на вложувања реализирани преку поврзаното друштво Алкалоид енергетика ДООЕЛ, насочени кон изградба и развој на фотоволтаични капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, велат од таму.

Во овој период во Алкалоид се реализирани 28 нови вработувања во Македонија.

Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во февруари 2026 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 47.000 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата.

Групацијата Алкалоид брои 3.027 вработени, од кои 2.223 се во земјава, а 804 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид со раст на консолидираната добивка од 5% и консолидирани продажби од 85,1 милиони евра во првиот квартал

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести