Најмногу пријавиле ревизорот Ацевски и претседателот на Собранието, Гаши: Функционерите можат во Антикорупциска да пријават какви подароци добиле

Македонските функционери добија можност во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да пријават какви подароци добиваат. Истата засега е на доброволна основа.

Истата досега ја искористиле многу малку функционери.

Како што може да се види од Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година моментално од функционерите кои пријавиле какви подароци добиле, најмногу податоци до Антикорупциска споделиле главниот државен ревизор Максим Ацевски, и претседателот на македонското Собранието, Африм Гаши.

Ацевски пријавил претежно сувенири – рамка со народна носија, украсна паричка, украсен брод, украсен коњ, босански кралски дукат…, како и Гаши, кој пријавил златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна, скулптура „глава на коњ“, златна и сребрена монета…

Раководител на сектор во Дирекција за технолошки индустриски развојни зони пријавил вино, тефтер и подлога за мауспад со лого на дарителот, советник во Државното правобранителство пријавил книга, Државниот архив пријавил три клима уреди, Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ од Струга пријавил акрил на дрво…

-Пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции.

Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.

Државната комисија укажува дека навременото и целосно пријавување на подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската рамка, велат од ДКСК.

Каталогот може да го разгледате ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести