Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од петок 1. мај до недела 3. мај, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08 до 14 часот.
Во сабота 2. мај, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време во две смени, од 08 до 18 часот, и тие што работат во една смена од 08 до13 часот.













