Која е фирмата “Топлина“ која ќе ја гради катната гаража во Охрид

Во Охрид почна да се гради катна гаража, која се најавуваше 30 години.

Пари за нејзина изградба обезбеди Владата, од средствата наменети за подршка на општините.

Истата треба да има околу 200 паркинг места, а се планира да биде завршена следната летна сезона.

Гаражата се гради на просторот на Градскиот пазар, а со неа ќе стопанисува Јавното претпријатие „Градски пазар“.

Станува збор за објект наменет за паркирање автомобили, лесни доставни возила и велосипеди, со армирано-бетонска конструкција, рамен кров и катна висина од околу три метри.

Според договорот нејзина изградба ќе чини 106.563.435 денари или 1.732.739 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид ќе се гради катна гаража, која фирма го доби договорот од 1,7 милион евра

Кој ќе ја гради

Како што објави неодамна еМагазин, катната гаража ќе ја гради трговското друштво за градежништво, производство, трговија и услуги Топлина увоз-извоз ДООЕЛ од охридското село Подмолје.

Истото работи од септември 2004 година.

Основач и сопственик е охриѓанецот Кирче Митрески.

На јавноста фирмата и е позната како подизведувач на Марковски компани и има добиено неколку договори на тендери на државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје.

Лани во април Топлина склучи договор за ископ на јаглен и јаловина во ПК Брод Гнеотино, РЕК Битола, со ЕСМ, вреден 27,6 милиони евра со вклучен ДДВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 27 милиони евра склучи ЕСМ со „Топлина“

Која е Марковски компани, која за 5 години добила тендери вредни 151 милиони евра

ЕСМ склучи договор вреден 1,1 милион евра со „Топлина“

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести