Во кои други земји нашиот јазик е службен: Денеска се обележува Денот на македонскиот јазик

Македонија денеска го обележува 5. Мај, Денот на македонскиот јазик.

Денот се обележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 година за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 година македонскиот јазик е прогласен за официјален јазик во целата република.

Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран со озаконувањето на првиот правопис, на 7. јуни 1945 година.

Во кои други е службен јазик

Македонскиот јазик како регионален службен јазик е признат во општините Горица и Пустец во Албанија, каде што живее бројно македонско население.

Во Србија како официјален е признат во општината Јабука, како и во Пландиште, Романија и во Косово.

Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската унија и останатата македонска дијаспора.

Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од 2,5 до 3 милиони лица.

Користени материјали од mk.wikipedia.org.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести