На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство изведоа материјални докази.
Од таму меѓу друго посочија дека по пожарот биле пронајдени изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, црн ранец марка „најк џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехничките средства, батерија од девет волти марка „филипс“, кеса со неискористено пиротехничко средство, три празни противпожарни апарати…
Исто така, како што веќе посочија повеќе сведоци на претходните рочишта, од Обвинителството потенцираа и дека растојанието од бината до плафонот изнесувало само 2,7 метри, а спецификацијата на неоштетената пиротехничка фонтана предвидувала домет на прскање на прскалките, поголем од таа висина.
Од Обвинителство исто така како што е веќе познато, рекоа дека објектот на т.н. дискотека, бил обложен со лесно запаливи материјали – стиропор, первол, дрвени елементи и гипс-картон, што придонеле за брзо ширење на пожарот.
Во објектот имало и сунѓер кој при согорување создавал „жешки капки“, чии траги биле пронајдени и врз облеката на жртвите, а беше посочено и дека страничната врата била без квака и била заклучена, а прозорците во тоалетите имале решетки, факти познати уште пред да почне судењето, кои оневозможиле гостите во објектот навреме да излезат од него.
Беше потенциран и уште еден факт, дека пожарот настанал од прскалките, што се знаеше уште по првиот ден од пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако и за Кочани нема правда, уште сега да се укинеме како држава
Фото: Игор Бансколиев













