Вчерашната пресуда за тројцата полицајци за еден од трите предмети за трагедијата во Кочани предизвика бурни негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а на родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“, им донесе ново големо разочарување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И покрај тоа што тие се гонеа за утврдена вина за злоупотреба на службена положба, за што се предвидуваат затворски казни од 6 месеци до 10 години, и тројцата добија условни казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Условни казни за тројцата полицајци за „Пулс“: Прва пресуда за трагедијата во Кочани
Како што е познато кога требало да ја казнат т.н. дискотека тие пишувале прекршоци за фирмата „Класик“, која била со блокирана сметка, и за првообвинетиот во главниот случај за пожарот, Дејан Јованов Деко, кој не се водел како сопственик на „Пулс“, наместо да ги пишуваат за фирмата „ММММ кафе“, која била сопственикот на т.н. дискотека.
Мислиш Кочани Њујорк, па не се знае кој е кој во градот и какви бизниси “врти“. На тој начин тие и овозможиле на т.н. дискотека да продолжи да го прекршува законот.
Па, така малолетници продолжиле да си доаѓаат во „Пулс“, а да потсетиме како што беше кажано на едно од рочиштата за главниот случај, помеѓу над 200. повредени, од кои дел цел живот ќе останат со лузни, млади луѓе, а некои ќе се лечат со години, имаше и 20 деца.
Тоа е само едно прекршочно дело. За колку други надлежните институции преќутувале веќе слушаме на рочиштата и уште ќе слушаме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу повредените и 20 деца: 157 лица по пожарот во „Пулс“ биле со тешки телесни повреди
Македонските граѓани одамна се изморени од чекањето на правда за многу случаи.
Без функционален правен систем, вистинска правда, казна за секој кој ќе го прекрши законот, една земја неможе да се нарече држава.
Ако и за Кочани нема правда, како што веќе најавуваат т.н. експерти, но и адвокати на обвинетите во главниот случај, на кој одредени медиуми им даваат простор повеќе од колку што треба, подобро е уште од сега да укинеме како држава, за да знаеме на што сме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца обвинети полицајци за трагедијата во „Пулс“ велат дека не се виновни
Фото: Игор Бансколиев













