Тројцата полицајци обвинети во еден од трите предмети за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани денеска од страна на Основниот кривичен суд Скопје, добија условни казни.
Тие беа обвинети дека пишувале казни за непостоечка фирма на првообвинетот во главниот случај за пожарот, Дејан Јованов -Деко, сопственикот на „Пулс“.
Станува збор за прва пресуда за трагедијата, а полицајците не се гонеа за кривични дела како обвинетите во главниот случај, туку за злоупотреба на службената положба.
Полицајците Кире Богатинов и Горан Лазаров, добија условна казна од по една година ако не направат кривично дело во рок од три години.
Александар Темелков, командирот на полициската станица во Кочани, пак, е осуден на казна затвор од две години која нема да се изврши ако не изврши кривично дело во рок од четири години.
Како олеснителни околности Судот ги зел во предвид нивното претходно неосудување и фактот дека биле семејни луѓе.
Тие треба да ги надоместат и судските трошоци во износ од по 7.000 денари, а против пресудата имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.
Полицајците не дојдоа на изрекувањето на пресудата.
Според Основното јавно обвинителство тие кога правеле акциска контрола за присуство на малолетници, при изготвување на записниците за констатираните прекршоци, наместо за правното лице во чија сопственост била т.н. дискотека „Пулс“, „ММММ кафе“, пишувале прекршоци за „Класик“, кое имало блокирана сметка и за сопственикот Јованов, кој не фигурирал како сопственик на „Пулс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца обвинети полицајци за трагедијата во „Пулс“ велат дека не се виновни
Фото: Игор Бансколиев













