(Фото) Шведскиот амбасадор се капеше во Охридското Езеро

Од шведската Амбасада на нивната Фејсбук страна објавија фотографии од престојот на шведскиот амбасадор Ола Сулстром во Охрид, кој тој го искористи и да се искапе во Охридското Езеро.

Тој од вчера до 9. мај ќе патува низ Македонија посетувајќи ги сите поголеми градови.

Турнејата ја започна од Скопје, а ќе ги посети и Тетово, Гостивар, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Струмица и Куманово.

Како што информираа од Амбасадата, амбасадорот и неговиот тим ќе ги истражуваат локалните знаменитости и вкусови за подобро да ја запознае земјата, а воедно ќе остваруваат средби со локалните власти и партнери, шведски компании, граѓански организации и организации на локалните заедници, дијаспората и претприемачите.

Културните и локалните активности вклучуваат и велосипедска тура по рутата Транс Динарика во близина на Охридското Езеро, настан со средношколци посветен на заштита на езерото, креативноста и одржливоста во Струга, како и дегустација на регионални специјалитети како што се тавче-гравче, баклава и пастрмајлија, меѓу другите.

Фото: Фејсбук/Шведска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести