Како работел Фондот за здравствено осигурување лани

Фондот за здравство осигурување (ФЗО) лани имал вкупно 1.841.530 осигурени лица, што е зголемување за 1.993 нови лица, информираа од таму.

Структурата вклучува 558.469 активни работници, 358.716 пензионери и 630.914 членови на семејства.

-Трендот на стареење на осигурената популација е евидентен – пензионерите растат побрзо (+1,5%) отколку активните работници (+0,2%), посочуваат од таму.

Буџетот на ФЗО лани достигнал 51,5 милијарди денари (приближно 836 милиони евра), со годишен пораст од 6,13% во споредба со претходната година.

Приходите изнесуваат 52,08 милијарди денари, додека расходите се 51,49 милијарди денари.

Здравствените услуги апсорбираат 86,4% од вкупните расходи – 44,5 милијарди денари (приближно 723 милиони евра).

-Во петгодишниот период 2021–2025, буџетот на ФЗО нарасна од 35,5 на 51,5 милијарди денари, со просечен годишен раст од речиси 8%.

Во регионален контекст, со 4,95% од БДП или 5,31% со вклучено МЗ, Македонија се наоѓа во средината на листата на јавни здравствени расходи во Југоисточна Европа, велат од таму.

Во април 2025 година, капитациониот бод за матичните лекари е зголемен од 75 на 100 денари – пораст од 33%, кој претставува највисокото зголемување во последната деценија, посочуваат од таму.

-Ова е насочено кон подобрување на одржливоста и задржување на лекарите. Во системот работат 1.495 матични лекари, кои обезбедуваат покриеност од 0,81 лекар на 1.000 осигуреници.

Капитациониот бод за гинеколозите е зголемен на исто ниво (+33%), а за стоматолозите пораснал за 23%. Фондот ги идентификува регионалните нееднаквости – особено во Полошкиот регион каде покриеноста со гинеколози е под националниот просек – и ги насочува напорите кон таргетирано решавање, велат од таму.

Во 2025 година се евидентирани 194.230 болнички случаи, што е зголемување за 2,15% во споредба со 2024 година.

-Просечната должина на хоспитализација изнесува 4,86 дена. Договорите со јавните здравствени установи изнесуваат 32,49 милијарди денари (+10,5%).

Во областа на биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) се реализирани 1.051 ваучери. Реформата во оваа област ги проширува правата – до 6 обиди, без потреба од упат и со воведена електронска достава на решенијата.

Реализирани се 251.454 дијализни третмани, 3.620 кардиоваскуларни интервенции, а 290 пациенти добиле лекување во странство, велат од таму.

Во 2025 година се реализирани 27,33 милиони рецепти (+4,53%), со вкупна вредност од 3,6 милијарди денари. Просечниот број рецепти по осигуреник изнесува 14,8 годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести