Денеска беше изречена првата пресуда за злоупотреба на парите од ИПАРД програмата од Европската унија.
Службеничката Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е осудена на 10 месеци затвор.
Ама, во затвор најверојатно нема да оди, бидејќи во казната и е пресметан и куќниот притвор во кој беше од ноември лани. Од казната и остануваат уште три месеци, а куќниот притвор и е продолжен до правосилност на пресудата.
Таа призна дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листата за парите од Програмата, а е осудена за „примање награда за противзаконито влијание“.
Во случајот се обвинети девет лица.
Меѓу обвинетите се и Џевдет Насуфи, поранешен министер и директор на фирмата Сигнас-Арго, како и Илија Стоилев, поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој беше фатен со 50.000 евра мито.
Парите од ИПАРД програмата се наменети за земјоделците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш













