Од денеска во Македонија се тргува со електрична енергија во речиси реално време, а тоа го овозможува „пазар во тековниот ден“ (Intraday Market), нова алатка која ја воведе Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО.
Тоа значи дека цената на струјата нема да ја одредуваат административни одлуку, туку пазарот преку понудата и побарувачката.
Тргување започна со 21 регистриран учесник, а во наредниот период се очекува да се зголеми бројот на компании, како и обемот на тргување.
Алатката меѓу друго ќе помогне и побрзо да се реагира при евентуални дисбаланси во системот.
Оваа е значаен исчекор за Македонија кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар.
Фото: Унсплеш













