Европската унија (ЕУ) оваа недела ќе објави насоки за авиокомпаниите, кои ќе опфатат правила за снабдување со гориво, како последица на кризата со снабдувањето на нафта поради војната во Иран, која се прошори на Блискиот Исток.
Авиоиндустријата е една од најпогодените од оваа криза, што резултираше со укинување на 13.000 летови на пократки релации, додека картите за подолги дестинации се значително поскапени.
Ова ќе влијае и врз летните одмори на граѓаните, за што Европската комисија (ЕК) препорача да бидат подготвени на измени и откажувања.
Едни од најпогодените компании се Луфтханза, Туркиш ерлајнс, Бритш ервејс, КЛМ…
Неизвесно е колку ќе трае кризата со гориво, оттука ЕК препорача на подготвеност за сите можни сценарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














