Почина новинарката Ирена Радовановиќ

На 53 годишна возраст по долго боледување почина Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство во областа на внатрешната политика, објави државната агенција МИА, каде што работеше.

Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работеше до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика.

Во 2024 стана дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 година на дневниот весник „Македонија денес“ и неделникот „Денес“.

Работела и во политичките неделници „Форум“, во весникот „Дневник“ и во радиото „Слободна Македонија“.

Дел од тимот на новинската агенција МИА стана во 2014 година како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар.

Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот (капела во 10:30).

Фото: Радовановиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести