Италијанските медиуми објавија дека Македонецот Хако Витанов, ја убил неговата 56-годишна сопруга Милена Витанова.
Убиството се случило во стан на периферијата на Пјаченца, Италија, каде што живееле со нивните деца. Тие не биле таму во моментот на убиството.
Витанов самиот се јавил на 112 – телефон за итни случаи и го пријавил убиството: “Дојдете, ја убив жена ми“, му рекол на операторот.
По неколку часа бил пронајден во близина на градските гробишта од страна на полицијата додека се обидувал да си го одземе животот со пресекување на зглобовите.
Според тамошните медиуми тој се обидел да стигне до гробот на својот син, кој починал во сообраќајна несреќа пред неколку години заедно со ќерката на Стојан Витанов, неговиот брат, и поранешен конзул на Македонија во Италија.
Се уште не е познат мотивот и како било извршено убиството. Најверојатно жената била убиена со нож, а убиството било резултат на семеен конфликт.
Жената била пронајдена како лежи во дневната соба со крвава дамка на задниот дел од главата и нож во близина на нејзиното тело.
Видео: Piacenza24/фото: Унсплеш














