Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека утре во периодот од 08:00 часот до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 километри, па одредени улици ќе бидат привремено затворени во тој период.
Стартната позиција на трката е булеварот„Илинден“ пред фонтана Лотос, а натпреварувачите ќе се движат по булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“, потоа по улицата „Никола Парапунов“ до крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“, десно до мост Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницатата со улицата „Љубљанска“, каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улицата „Никола Парапунов“ и по булеварот „Илинден“ до целта пред фонтана Лотос на булеварот „Илинден“ во Скопје.
-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, велат од таму.














