Концертот на Дејвид Гета на 8. септември, во рамки на прославата на 35 години од независноста на Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, е распродаден, информираа од Авалон продукција, која со Владата го организира истиот.
Продадени биле 50.000 влезници во помалку од 12 часа.
-Повеќе од 250.000 лица, голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на достапни влезници.
Секој што има купено влезници ќе го добие својот PDF со влезниците најдоцна до недела (17. мај) имајќи предвид дека станува збор за 50.000 влезници кои треба да бидат процесирани.
Би сакале да нагласиме дека статистиката покажува дека 93% од влезниците се продадени на корисници од Македонија, додека останатите 7% се продадени на корисници ширум светот, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дејвид Гета во Скопје за Денот на независноста
Фото: Промо














