САД го намалува бројот на војници во Европа

САД ќе го намали бројот на своите воени бригади распоредени во Европа од четири на три, соопшти американското Министерство за одбрана.

Еден бригаден тим брои помеѓу 4.000 и 4.700 војници.

Намалувањето на бројот на американски војници на европско тло следи по постојаното инсистирање на САД по доаѓањето на претседателската позиција на Доналд Трамп, дека американските сојузници во Европа треба да инвестираат повеќе во сопствената одбрана.

Дел од светските медиуми овој потег на САД го толкуваат како дел од решителноста на Трамп да ги казни европските сојузници кои не ја поддржаа војната на САД против Иран или не сакаат да се вклучат во напорите за отворање на Ормускиот теснец.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести