Албански државјанин сакал да внесе половина милион евра во Македонија, скриени во бункер на минибус, информираа денеска од Царинската управа.
Девизите и возилото се трајно одземени, а за сторителот – Џ.Г., веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд Куманово.
Заплената се случила на граничниот премин “Табановце“, а минибусот е сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој се превезувани седум патници.
Парите биле откриени по скенирање на возилото, а биле во 14 проѕирни ќеси.
Запленетите пари се предадени на Агенцијата за одземен имот, од каде се депонирани во Народната банка.
Станува збор за најголема заплена на пари досега.
Фото: Унсплеш/видео: Царинска управа














