Пропадна тендерот за 150. електрични автобуси

Пропадна тендерот за набавка на 150. електрични автобуси, од кои 100 требаше да бидат за Скопје, а останатите за други градови низ земјава.

Имено, како што информираа од Министерството за транспорт, Државната комисија по жалби за јавни набавки донела решение за поништување на тендерот, а на кој неодамна за најповолна беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија Електробус – Икарус и на австриска ЕВН.

Сега од страна на Министерството треба да биде објавен нов тендер. Претходниот беше објавен на 27. февруари годинава.

Истиот предвидуваше набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи за нив.

Унгарската компанија требаше да ги достави електричните автобуси, а ЕВН станиците за полнење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понудата на унгарски “Електробус- Икарус” и на австриска “ЕВН” избрана за најповолна за набавка на 150. електрични еколошки автобуси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести