Нестабилното време продолжува и неделава, претпладне сончево, попладне со дожд

До крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h).

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести