Во скопската општина Центар спроти Капиштец се појави свлечиште на спојката на улица „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“, кој оштети паркиран автомобил, тротоар и затрупа багер.
„Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Христо Смирненски при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло.
Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера која оштетила возило ‘дачија сандеро’, сопственост на Е.М.. Известени се Центар за управување со кризи, ЕВН и други институции, а на местото на настанот се упатени полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Видеото ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Казни и санкции за инвеститорот за свлечиште на градилиштето во близина на Католичка црква
Фото/Видео: Фејсбук група „Во одбрана на Буњаковец“














