Македонија потпиша стратешки договор и со Хрватска.
Истиот денеска во Охрид го потпишаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој ја предводи хрватската делегација која е во посета на Македонија.

Како што беше истакнато, со договорот ќе се овозможи поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори – транспортот, енергетиката, информатичко-комуникациските технологии, индустријата, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, кибербезбедноста и управувањето со границите.

Исто така беше потпишан и договор за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.
Двајцата премиери на заедничката прес-конференција посочија дека со овие документи се продлабочуваат и онака добрите и пријателски односи меѓу двете држави, а Хрватска, како членка на НАТО и Европска унија, останува еден од главните партнери на Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада














