Tribeca NY: Скејтањето е за девојчиња, а филмот е за жени како Дина Дума и Лабина Митевска

На Менхетен се прикажа „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, кој е првиот македонски филм кој имал место на филмскиот фестивал Tribeca, Њујорк.

Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвивала пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија после проекцијата развила емотивна и прекрасна атмосфера, особено околу прашањата кон Дума за тоа како работела со глумците и како ја постигнала таа автентичност. 

Женското дуо режија – продуцент: Дина Дума и Лабина Митевска докажа дека македонскиот филм може да биде селектиран на фестивал каде големите филмаџии сонуваат да бидат. Овој фестивал пулсира со Њујоршки дух, урбаност и последни трендови во културата.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Сценариото е на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноаром, а во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Овој филм е втор долгомeтражен игран филм на Дина Дума после „Сестри”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести