Црна Гора е најсериозен кандидат за нова членка на Европската унија (ЕУ), но за да стане тоа треба да исполни неколку билатерални барања од Хрватска.
Истите на Самитот ЕУ-Западан Балкан во Тиват, Црна Гора, ги кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Имено Хрватска бара обесштетување на затворениците од поранешните логори, а земјата бара тоа правно да биде уредено со посебен билатерален договор.
Бара и решавање на имотно-правните барања на семејства од Хрватска, да се реши прашањето за спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, како и сопственоста над училишниот брод „Јадран“, и да се утврди границата меѓу двете држави.
Исто така бара да се гонат воените злосторници, како и да се реши прашањето со потрагата по исчезнатите лица.
Хрватска очекува продолжување на “конструктивниот дијалог“ и видлив напредок во преговорите за сите овие прашања.
Барањата предизвика бурни реакции во Црна Гора, кои се оценуваат како ултиматуми, а не партнерски дијалог.
Фото: Игор Бансколиев













