Неделава ќе се задржи топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град.
Фото: Unsplash













