Хотелот Русија во Скопје е во фокусот на јавноста, откако истиот го презеде Македонијатурист АД Скопје, која веќе поседува неколку хотели.
Истиот е првата голема инвестиција во Македонија на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, а беше изграден во 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонијатурист e нов сопственик на хотелот „Русија“, еве кои се плановите на новиот газда
Од Македонијатурист информираа дека Друштвото формирало нова подружница под која во иднина откако ќе се завршат административните процедури ќе работи хотелот, и дека истиот етапно ќе биде реновиран.
Хотелот беше затворен во мај годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За стопанисување на хотелот “Русија“, Македонијатурист формираше нова подружница
Каков капацитет има
Хотелот Русија е хотел со четири ѕвезди и има 59 апартмани.
Има и ресторан, конференциска сала, салон за убавина, фитнес и аеробик центар и тенис и падел терен.
Беше познат и по „скај барот“ на врвот од хотелот.
Исто така има и спа центар.
Македонијатурист продава два хотели
Македонијатурист периодов како што пишуваше еМагазин е актуелна и со продажба на два хотели – „Бристол“ и „Јадран“ и ресторанот “Пивница“, кои не работат со години, како и друг недвижен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба
Во сопственост на Македонијатурист се и хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, кои работат, како и хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат, и на друг недвижен имот во Скопје, од кој дел Друштвото го дава под закуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе го купи ли државата хотелот “Јадран“ во Скопје?
Исто така Друштвото најави и купување на имот вреден 17, 7 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ацо Дудулоски останува претседател на УО на Македонијатурист
Фатмир Етеми избран за претседател на НО на Македонијатурист
Фото: Хотел Русија/Фејсбук












