Македонскиот научник Д-р Петар Поповски е во фокусот на јавноста откако беше избран за член на Кралската данска академија на науките и книжевноста.
Дел од оваа институција се личности кои дале исклучителен придонес во науката, културата и општествениот развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Моментално работи на Универзитетот во Олборг во Данска.
Кој е Поповски
Роден е во Охрид во 1973 година.
Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1997, a магистрирал во 2000 година.
Докторирал во 2004 година на Универзитетот во Олборг на безжични комуникации.
Таму се вработил во 2008 година како помлад асистент.
Од 2001 до 2004 година бил на докторски студии на Универзитетот во Олборг, каде што од 2004 до 2006 година работел како последокторски истражувач.
Во 2006 година станал доцент на Универзитетот во Олборг.
Професионално искуство
Тој е меѓународно признат истражувач во областа на телекомуникациите, дигиталните мрежи и идните генерации безжични комуникации.
Неговите истражувачки интереси се во областа на безжичните комуникации и мрежната и комуникациската/информациската теорија.
Тој е и визитинг професор на Универзитетот во Бремен, Германија.
Исто така е и главен уредник на IEEE Journal of Selected Areas in Communications, како и претседател на IEEE Communication Theory Technical Committee, комитет за базични истражувања во телекомуникациите.
Член е и на Данскиот истражувачки совет за технологија и производство, како и претседател на Шведската истражувачка фондација за 6Г безжични системи.
Дел е од Бордот на директори на „Гејтхаус“, компанија за сателиски комуникации, како и основач на здружение на 20-ина сателитски фирми од Олборг кои соработуваат со неговиот Универзитет.
Автор или коавтор е на повеќе од 300 научни трудови, објавени во реномирани списанија, конференции и книги.
Има над 30 патенти и патентни апликации.
Фото: Поповски/Фејсбук













