42-годишна жена и 51-годишен маж се загинатите во сообраќајката на патот Прилеп – Градско

Жена на возраст од 42 години и маж на возраст од 51 година се загинатите во денешната сообраќајна несреќа која се случи на експресниот пат Прилеп – Градско, после исклучокот за Кавадарци.

Станува збор за жена која е идентификувана како Б.Б. од Прилеп и маж – Ж.Р., исто така од Прилеп.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, и двајцата починале на лице место.

Починатиот маж управувал возило „шкода октавија“ , кое се судрило со возило „фолксваген голф“, управувано од Т.М. (39) од Прилеп.

Починатата жена му била сопатничка на возачот на шкодата.

Возачот на другото возило со тешки телесни повреди прво бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж и жена загинаа во сообраќајка на патот Прилеп – Градско

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести