Од вчера на плажата „Акротири“ во Пефкохори, на првиот крак на Халкидики во Грција, има забрана за капење откако во морето се излеаја фекалии откако пукнала канализациска цевка, пренесуваат грчките медиуми.
Пефкохори е едно од најпосетуваните места од македонските туристи на Халкидики, а засега е непознато до кога ќе трае забраната.
Истата се однесува за зона од 200 метри. Од Општината Касандра било извршено миење и хлорирање.
Причината за пукањето на цевката е најверојатно застареност, но и преоптеретување на мрежата од бројните туристи.
Фото: архива/еМагазин












