Маж на возраст од 36 години, чии идентитет не е објавен, шест месеци силувал 12-годишно девојче.
Тоа го правел во неколку наврати во периодот од јануари до јуни годинава.
Со девојчето контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола.
За него ОЈО Битола отвори истражна постапка за продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, а е осомничен и за кривичното дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Обвинителството за него бара притвор поради опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци.












