Али Ахмети по 24 години на чело на ДУИ најави повлекување

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој е на чело на партијата дури 24 години, во иднина, најави повлекување од лидерската позиција.

Тоа го соопшти во говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, посочувајќи дека сакал да се приклучи на редовите на ветераните.

Не кажа кога точно ќе го направи тоа, но рече дека немал намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сакал да го продолжи својот политички ангажман преку друга улога.

Тој беше реизбран за претседател на ДУИ лани во декември, а е единствениот лидер на партија во Македонија кој толку долго останал на таа позиција.

Ахмети е исто така единствениот претседател кој го имала партијата, што е исто така феномен сам по себе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Али Ахмети, кој е реизбран за претседател на ДУИ

Ахмети е реизбран за претседател на ДУИ

(Видео) Али Ахмети прв на оро на свадба во Кичево

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести